Privacy policy

Политика на приватност

  1. Вовед

МАГРОНИ ДОО Скопје ви се заблагодарува на вашиот интерес за нашите производи и за посетата на нашата веб страна или за вашата комуникација со нас преку е-пошта.

Оваа политика на приватност дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за Ви ги обезбедување нашите административни услуги и/или да ги оствариме активностите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и инспекциски надзор.

Со пристапување и користење на веб страната на Магрони ДОО Скопје (www.ladna.com.mk), корисниците потврдуваат дека ја прочитале, разбрале и се согласиле со Политиката за приватност (во понатамошниот текст: Политика за приватност), како и Општите услови за користење на веб страната на Магрони ДОО Скопје (www.ladna.com.mk). Корисниците кои што нема да ги прифатат овие правила и услови во целост, треба веднаш да ја напуштат веб страната и да се воздржат од нејзино повторно користење.

Магрони ДОО Скопје го задржува правото да изврши промени на содржината и реализацијата на овaa веб страна, како и да го суспендира или целосно да го прекине нејзиното функционирање во било кое време без претходно известување, иако тоа не ја претпоставува обврската периодично да се ажурира истата.

Оваа веб страна, како и информациите кои се содржат или се наведени во неа се обезбедени само за информативни цели. Секакво репродуцирање, пренесување, копирање, умножување и користење на тие информации, слики, звучни информации презентирани на оваа веб страна, како и линковите до нив, е забрането без претходна писмена согласност на Магрони ДОО Скопје. Барање за користење на информации содржани на оваа веб страна треба да се достави до администраторот на оваа веб страна од Магрони ДОО Скопје.

  1. Измени на Политиката за приватност

Магрони ДОО Скопје е овластен да ја менува Политиката за приватност во било кое време со објавување на ревидиран текст на веб страната www.ladna.com.mk. Ваквите измени и/или дополнувања ќе стапат во сила веднаш по објавувањето на истите на веб страната. Секое користење на веб страната од страна на крајниот корисник по таквото известување, ќе се смета дека претставува прифаќање на измените од страна на крајниот корисник.

Магрони ДОО Скопје нема да одговара за било каква штета нанесена на корисниците, на регистрираните корисници или на трети страни како резултат на таквите измени.

  1. Видови и употреба на собрани информации

Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате вашите лични податоци. Од вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да ви доставиме информација за производ или услуга на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате.

Магрони ДОО Скопје собира лични информации кои што ги идентификуваат корисниците на веб страната www.ladna.com.mk. Кога корисникот учествува во одредени активности на веб страната на Магрони, како што е креирање на профил, учествување на натпревари/наградни игри организирани од Магрони, испраќање повратни информации до Магрони, пребарување (тука може да стои писмено барање на дополнителни информации, а не пребарување бидејќи кога ја разгледува страната не им бараме лични информации) на информации за производите и услугите на Магрони, Магрони може да побара од корисникот да достави одредени лични информации. Корисникот не е обврзан да се вклучи во овие активности. Доколку корисникот одлучи да се вклучи во активностите/или нарача производи, Магрони ДОО Скопје е овластен, согласно избраната активност/нарачка на производи, да ги побара сите или дел од следните лични информации: име и презиме (назив на правно лице), адреса (седиште на правно лице), вклучувајќи и поштенски код, е-маил адреса, телефонски број, датум на раѓање и ЕДБ на правно лице.

Магрони ДОО Скопје е овластен да ги користи овие лични информации за да понуди производи и услуги, да организира натпревари/наградни игри (ликовен конкурс), да ја подобри функционалноста на веб страната, да ги подобри маркетинг и промотивните активности, да го анализира користењето на веб страната, да ја подобри понудата на производи и услуги на Магрони и да ги идентификува вашите искуства со трети страни. Магрони ДОО Скопје е експлицитно овластен да ги користи коментарите од корисниците со цел да ги информира другите корисници за производите и услугите на Магрони. Дополнително, доколку ја користите веб страната www.ladna.com.mk за да испраќате информации или производи на други лица, Магрони ДОО Скопје е овластен да ги зачува личните информации од корисникот и примателот. Магрони ДОО Скопје е овластен да ги користи личните информации на корисникот за откривање (и решавање) на проблеми, извршување на административни задачи, воспоставување на контакти, почитување на договори, вклучувајќи ги и Општите услови за користење и Политиката за приватност на веб страната www.ladna.com.mk, во согласност со позитивните национални законски прописи и во соработка со институциите за спроведување на законот.

Магрони ДОО Скопје е овластен да собере информации кои што не идентификуваат специфичен краен корисник, вклучувајќи го и Единствениот локатор на ресурси (URL) на веб страната што корисникот ја посетил пред дојде на веб страната www.ladna.com.mk, URL на веб страната која корисникот ја посетил по напуштањето на веб страната www.ladna.com.mk, типот на пребарувач кој корисникот го користи и адресата на Интернет протокол (IP) на корисникот. Овластените даватели на услуги и огласувачи можат да соберат такви информации додека ја посетуваат веб страната www.ladna.com.mk преку „cookies“ и други алатки. Магрони ги користи таквите информации само за откривање (и решавање) на проблеми, администрирање на веб страната, анализирање на трендови, собирање на демографски податоци и анализирање на усогласеноста со важечките регулативи и соработката со институциите за спроведување на законот.

Во зависност од активноста/или нарачката на производи, некои информации се идентификувани како задолжителни, а некои како доброволни. Ако корисникот не ги обезбеди задолжителните податоци врзано за одредена активност/нарачка на производи, можно е корисниците да не можат да се вклучат во таа активност, односно да не можат да нарачаат производи. Магрони нема да собира лични информации преку својата веб страна (пр. Име и презиме, адреса, телефонски број и е-маил адреса) се додека корисникот доброволно не одлучи да ги обезбеди (пр. преку регистрација, анкета), односно, ќе даде согласност, освен ако поинаку не е уредено со позитивните законски прописи и регулативата за заштита на личните податоци.

  1. Обелоденување на лични информации

Магрони нема да ги споделува информациите за лична идентификација со други страни, но може да ги сподели информациите за корисниците во рамки на компанијата, до дистрибутивни центри заради достава на нарачаните производи.

Магрони е овластен да објави информации за корисникот со цел да ги заштити Магрони и трети страни. Магрони е овластен да објави информации за лична идентификација на корисникот, кога е оправдано да се очекува дека објавувањето ќе помогне во спроведување на законот или е наложено од судот да обезбеди услогласеност со оваа Политика за приватност, со Општите услови за употреба на веб страната на Магрони или со други договори; или за да  ги заштити правата на сопственост или безбедност на оваа веб страна, нејзините корисници и други страни.

Доколку корисникот одлучи да не ги користи своите лични податоци за поддршка на врската помеѓу Магрони и деловните партнери и клиенти (особено директен маркетинг или истражување на пазарот), Магрони ќе го почитува изборот на корисникот. Магрони не ги продава или на друг начин не ги промовира информациите за лична идентификација на трети страни, освен на подружниците/дистрибутивни центри на Магрони.

Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација.

  1. Ажурирање и корегирање на информации

Корисникот е овластен да менува било какви лични информации со испраќање на е-маил пораки или со промена на профилот. Е-маил пораката мора да ги специфицира името и презимето на корисникот, адресата, е-маил адресата и информациите кои што треба да се ажурираат. Корисникот секогаш може да побара да му бидат трајно избришани или отстранети информациите за неговиот профил. Магрони не може да ги избрише информациите поврзани со минатите нарачки и извршените измени на личните податоци на корнискот на веб страна на Магрони.

  1. Зашита на податоци

Магрони користи технички и организациски безбедносни мерки за заштита на личните податоци од ненамерно или незаконско уништување, загуба или промена и од неовластено објавување и пристап на податоците.

Базата на податоци и нејзината содржина остануваат во Магрони ДОО Скопје, во процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна а која со договор е обврзана на заштита на личните податоци до кои ќе има пристап (во понатамошниот текст “партнер”). Ниту Магрони ДОО Скопје, ниту партнерот нема да ги отстапат вашите лични податоци на трети страни во било каква форма, освен ако не добиеме ваша согласност или пак сме законски обврзани да го сториме тоа. Ние ќе ја преземеме контролата и одговорноста за користењето на личните податоци кои нам ни ги откривате. (ние реално би требале и да имаме договор со фирмата што ја обработува веб страната за заштита на нашите податоци и податоците на нашите корисници).

Корисникот може да пристапи до личните информации на веб страната на Магрони користејќи е-маил адреса и лозинка. Корисникот се советува да не ги открива (објавува) лозинките на трети лица. Корисникот е запознаен со фактот дека не може да се гарантира преносот на податоци преку интернет или било која друга безжична мрежа да биде совршено безбеден. Иако Магрони ги превзема сите комерцијално разумни мерки за безбедност и заштита на информациите, сепак Магрони не може да гарантира безбедност на преносот на било какви информации до или од сопствената веб страна и не е одговорна за (акциите) постапките на кои било трети страни кои примаат такви информации.

  1. Следење на податоци

Магрони е овластен да ги чува колачињата со информациите на корисникот во компјутер. Тие се користат за заштеда на времето на корисникот при повторна посета на веб страната на Магрони, за следење и насочување на интересите на корисникот заради обезбедување на услуги прилагодени да одговараат на потребите на секој корисник. Колачињата исто така собираат и нелични информации од посетителите. Магрони користи трети рекламни компании за да нуди реклами на веб страната на Магрони. Како дел од нивната услуга, тие можат да постават одделни колачиња на вашиот компјутер. Магрони нема пристап до или контрола над овие колачиња. Корисникот може да избере дали да ги оневозможи колачињата преку промена на поставките во пребарувачот. Ако корисникот одлучи да не ги дозволи колачињата, некои делови од веб страната може да не работат правилно. Магрони може да користи друга стандардна технологија за следење на користењето на веб страната и промоција и може да им овозможи на давателите на услуги од трети лица да ги користат овие методи во име на Магрони.

  1. Необјавување на информации за веб страните од трети лица

Оваа Политика за приватност се однесува само на употребата и обелоденувањето на информациите кои што Магрони ги собира од корисниците. Другите веб страни кои што може да бидат пристапени преку веб страната на Магрони имаат свои правила за доверливост и собирање на податоци, за нивна употреба и обелоденување на таквите информации. Магрони не одговара за работењето или за содржината, за политиките за приватност или безбедноста на страните на трети лица.

  1. Малолетни лица

Малолетни лица може да учествуваат во промотивни активности, само и исклучиво со согласност од нивните родители или старатели. Магрони нема свесно да собира или чува информации – лични податоци од деца под 14 години, без да инсистира дека бараат претходна согласност од родителите, доколку тоа се бара со важечки закон. Магрони ќе користи или обелоденува лични податоци на деца до степен до кој е дозволено со закон, за да побара родителска согласност согласно со локалните закони и регулативи или за да заштити дете.

  1. Важност на Изјавата за приватност и контакт

Оваа Политика за приватност ќе важи од 20.06.2020, се до отповикување од Магрони.

Доколку имате некакви коментари, прашања или барања поврзани со нашето користење на Вашите лични податоци или какви било прашања во врска со ова Известување за приватност и колачиња, контактирајте со нас користејќи ja следната адреса на е-пошта: magroni@magroni.com.mk.