НАШАТА ЦЕЛ
Во 2000 година почнавме од почеток, но знаевме каде одиме и кон што целиме. Имавме идеали, знаење, технологија и најважно од се - јасни цели. Денес сме една од водечките компании за производство и дистрибуција на вода, освежителни безалкохолни и алкохолни пијалаци во Македонија и ги инвестираме нашите ресурси и ентузијазам во насока, нашите производи да станат достапни до нови клиенти низ светот.
Над 100 вработени во нашата компанија ја делат подеднакво истата страст за извонредност, усовршување, најсовремена продукција и посветеност да донесеме насмевка и задоволство на секој потрошувач што го имаме. Нашата успешна приказна вклучува активен мониторинг.
Постојано ги следиме модерните маркетинг трендови, неизоставувајќи ја и континуираната едукација на вработените кои се нашата движечка сила. Една од најважните доблести е да бидеме во тек со најновите технолошки решенија и иновации.
КАКО ЛАДНА ДОАЃА ДО ВАС
Нашата фабрика во с.Вакав, Кратовско, располага со комплетно автоматизирана линија за полнење на неповратна стаклена и PEТ амбалажа со капацитет од 12.000 l/h и комплетно автоматизирана сирупана, во согласност со законските прописи и сите правила за добра производна пракса.
Од изворот до погонот за полнење, водата се транспортира низ затворен систем целосно заштитен од сите надворешни влијанија.
Во погонот се врши механичко филтрирање и апсолутна 0.2 микронска микробиолошка филтрација со цел да се добие највисок квалитет и беспрекорно безбеден производ.
Пакуваниот производ, подготвен за консумација, се дистрибуира до продажните и угостителските објекти во строго контролирани услови, со сопствен возен парк.
НАШИТЕ ПРИОРИТЕТИ
Светот постојано се стреми кон заштита и подобрување на животната средина. Така и ние, како една од нашите главни цели ја поставивме еколошката свест и грижата за животната средина.
Токму затоа го имплементиравме и работиме согласно принципите и правилата на системот за управување со квалитет ISO 22000:2018.
Нашите секојдневни активности вклучуваат поддршка на настани кои го поттикнуваат и охрабруваат општеството да се движи кон подобри насоки. Активност од мали нозе, фокус на здравјето и спортот, како и грижа за себе си и животната средина, се водечки прироритети на нашата компанија.
Ние сме и ќе останеме општествено одговорна компанија, која заедно со своите потрошувачи работи на создавање на подобро утре и постојана афирмација на нови иновативни и квалитетни производи.
ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ