Наградени цртежи

Жири комисијата во категоријата на автори Од 4 до 7 години ги награди следниве цртежи
1.Награда: Каја Митровска,, 4 Години, Скопје
2.Награда: Андреа Танчевска, 5 Години, Струмица
3.Награда: Нина Стојанова,, 6 Години, Скопје
Цртежи
Од 4 до 7 години

ПРАВИЛА ЗА ЛАДНА ДЕТСКИ ЛИКОВЕН КОНКУРС

 

Организатор на детскиот ликовен конкурс

Член 1

Организатор на детскиот ликовен конкурс е Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229.

 

Цел на детскиот ликовен конкурс

Член 2

Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот на децата за ликовната уметност, подигнување на свеста за значењето на водата, за целата природа, вклучувајќи го и животинскиот свет и промовирање на брендот Ладна.

 

Територија

Член 3

Детскиот ликовен конкурс ќе се организира и ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија.

 

Право на учество и правила за учество

Член 4

Во детскиот ликовен конкурс право на учество имаат сите кои се државјани на Република Северна Македонија на возраст од 4 до 10 години. Право на учество во детскиот ликовен конкурс немаат децата на вработените во Магрони ДОО Скопје, и децата на вработените во маркетинг агенцијата ММС Комуникации Македонија ДОО. Детските цртежи на тема “Музикантите во природата” заедно со податоците за детето:

  • Име и презиме,
  • Датум на раѓање,
  • Адреса и
  • Контакт телефон

ќе се испраќаат по пошта на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака “За Ладна ликовен конкурс” или по електронки пат на е-маил адресата marketing@magroni.com.mk, каде што во предмет (Subject) на мејлот треба да се наведе “За Ладна ликовен конкурс”.

Цртежите кои ќе се испраќаат по електронски пат мора да бидат убаво скенирани или фотографирани со одлична резолуција. Цртежите не смеат да бидат дигитално обработувани. За секој цртеж испратен по електронки пат, испраќачот ќе добие повратна порака со потврда за примен цртеж.

Доколку цртежот е испратен по електронски пат, истиот мора да се чува и не смее да се праќа по пошта.

Секој цртеж ќе биде индивидуален, односно нацртан од страна на едно дете, а не од група на деца. Може да учествуваат цртежи во која било техника, форма и големина. Едно дете може да испраќа повеќе цртежи.

Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Оценувањето ќе се одвива во две фази. Во првата фаза стручното жири ќе ги оценува сите цртежи пристигнати по пошта или електронки пат со право на учество и ќе направи потесен избор на цртежи. Во втората фаза ќе се оценуваат само цртежите кои влегле во потесен избор. Доколку цртежот кој е испратен по електронки пат влезе во втората фаза на оценка, испраќачот ќе биде исконтактиран од страна на Магрони ДОО Скопје, за да го достави оригиналниот цртеж во рок од 5 дена (по пошта или лично). Доколку испраќачот не го достави оригиналниот цртеж во предвидениот рок, цртежот ќе биде дисквалификуван.

Натпреварувањето ќе биде во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 06.05.2014 до 05.05.2017 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 06.05.2011 до 05.05.2014 година. Правото на сопственост на сите испратени цртежи го задржува Магрони ДОО Скопје.

 

Времетраење на детскиот ликовен конкурс

Член 5

Детскиот ликовен конкурс ќе започне на 01.03.2021 и ќе трае до 05.05.2021г. Ќе се разгледуваат само цртежите кои ќе пристигнат во просториите на Магрони ДОО најдоцна до 05.05.2021 година.

Награди

Член 6

Наградите кои се обезбедени од страна на организаторот се дадени подолу:

 

Тип на награда

Број на награди

Прва награда - 120.000 ден.

 

 

2

 

Втора награда – 20.000 ден.

 

 

2

 

Трета награда- Таблет за цртање 

 

2

 

Подигање на наградите

Член 7

Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат наградите во рок од 60 дена од денот на објавување, во просториите на МАГРОНИ ДОО на ул. 1732 бр. 2, Скопје, секој работен ден од 8 до 16 часот со приложување на документ за идентификација.

 

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци од учесниците во детскиот ликовен конкурс

 

Член 8

Друштвото применува технички и организацсики мерки кои се класифицираат во  две нивоа:

  • Стандардно ниво и
  • Високо ниво

За сите испратени цртежи задолжително се применуваат технички и организациски мерки класифицирани на стандардно ниво. Личните податоци (име, презиме, датум на раѓање, адреса и контакт телефон) се обработуваат на сите испраќачи врз основа на нивна согласност според членот 12 од овие правила.

За наградените испратени цртежи за кои е потребна обработка на матичен број како личен податок задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицираат на стандардно и високо ниво. Матичен број на испраќачот се обработува само доколку истиот е награден во ликовниот конкурс. Добитниците на награди се должни да достават свој матичен број со цел уплата на данок на личен доход.

 

Објавување на лични податоци на испраќачи на цртежи и на наградени испраќачи на цртежи

Член 9

Организаторот на ликовниот конкурс јавно ќе ги објави сите цртежи кои ги исполнуваат условите од овие правила, како и наградените цртежи на веб страната на Ладна: www.ladna.com.mk заедно со личните податоци на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење). Наградените цртежи ќе се објават и на Facebook страната на Ладна заедно со податоците на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење). Пристап до овие податоци ќе имаат сите оние кои ќе ја посетат веб страната на Ладна и Facebook страната на Ладна. Обезбедени се технички мерки во однос на објавување на личните податоци на испраќачите така што со внесување на име и презиме на испраќачот (субјектот на лични податоци) и пребарување на search engines како што е Google search или Yahoo, не постои можност да се повлечат податоци за субјектот од содржините кои се поставени на веб странцата и Facebook страницата на Ладна.

 

Начин на информирање на субјектите на лични податоци

Член 10

Личните податоци од испраќачите на цртежите ќе ги собираат и ќе ги евидентираат овластени лица кои имаат потпишано изјави за тајност и заштита на лични податоци и имаат добиено овластување за распишаниот конкурс во збирка на лични податоци на потрошувачи – учесници во детскиот ликовен конкурс.

Целите на обработка на личните податоци на испраќачите на цртежи се следни:

  • Име и презиме – заради овозможување на идентификација и дистинкција на испраќачите и испратените цртежи
  • Датум на раѓање – заради утврдување на правото на учество во ликовниот конкурс како и определување на припадноста во една од двете возрасни категории
  • Адреса – потребна за испраќање на благодарници за учество во ликовниот конкурс
  • Контакт телефон – потребен за информирање на испраќачот доколку истиот е награден со некоја од горенаведените награди
  • Матичен број – се обработува само на нагардените испраќачи заради уплата на персонален данок во Управа за Јавни приходи.

Испраќачите на цртежи (Субјекти на лични податоци) имаат право да побараат информирање од Контролорот (Магрони ДОО) во однос на обработката на лични податоци.

Контролорот е должен да даде соодветен одговор за секое прашање поврзано со заштитата, обработката и чувањето на личните податоци.

Контролорот има право на пристап до личните податоци кои се собираат во базата на Маркетинг секторот на Магрони ДОО. При настаната грешка во објавувањето на личните податоци, Контролорот има право на исправка на истите.

 

Рок на чување на личните податоци

Член 11

Личните податоци и сите испратени цртежи ќе се чуваат во маркетинг секторот на Магрони ДОО една година од започнувањето на детскиот ликовен конкурс со цел организирање на изложба и ликовен караван во наведениот период, доколку за тоа постои можност согласно препораките на здравствените власти во земјата.

Наградените цртежи, но не и личните податоци на наградените учесници, трајно ќе се чуваат во просториите на Магрони ДОО, додека пак сите останати цртежи заедно со личните податоци на испраќачите ќе бидат уништени по една година од започнувањето на детскиот ликовен конкурс со записник во присуство на тричлена комисија.
 

Важност на правилата на ликовниот конкурс

Член 12

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување и истите ќе важат се до завршувањето на детскиот ликовен конкурс. Со учеството во ликовниот конкурс секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила и се согласува на обработка и чување на личните податоци опишани во овие правила.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Архива на Ликовни конкурси