Цртај на темата "ЖИВОТНИТЕ И ВОДАТА"

Ладна распишува голем ликовен конкурс за деца на возраст од 4 до 10 години. Детските цртежи, на темата „Животните и водата“, заедно со податоците од детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и контакт телефон), испратете ги на адреса: ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За Ладна ликовен конкурс“ и можете да освоите некоја од следниве награди:

Тридневно патување во Дизниленд во Париз

Годишен курс за цртање

Таблет за цртање

Може да учествуваат детски цртежи во која било техника. Натпреварувањето ќе биде во 2 категории – деца на возраст од 4 до 7 години и од 7 до 10 години.



Правила на натпреварот


Известување за Ладна детски ликовенн конкурс

Согласно член 27 од Законот за заштита на личните податоци, Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ул. 1732 бр. 2, Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229, застапувано од Управителот Кире Ивановски, ги донесе следниве:

ПРАВИЛА ЗА ЛАДНА ДЕТСКИ ЛИКОВЕН КОНКУРС

Организатор на детскиот ликовен конкурс
Член 1

Организатор на детскиот ликовен конкурс е Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ul. 1732 br. 2, 1000 Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229.

Цел на детскиот ликовен конкурс
Член 2

Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот на децата за ликовната уметност, подигање на свеста за значењето на водата, за целата природа, вклучувајќи го и животнинскиот свет и рекламирање на Ладна.

Територија
Член 3

Детскиот ликовен конкурс ќе се организира и ќе се спроведува на целата територија на Република Македонија.

Право на учество и правила за учество
Член 4

Во детскиот ликовен конкурс право на учество имаат сите кои се државјани на Република Македонија на возраст од 4 до 10 години. Право на учество во детскиот ликовен конкурс немаат децата на вработените во Магрони ДОО Скопје, и децата на вработените во маркетинг агенцијата Публицис. Детските цртежи на тема “Животните и водата” заедно со податоците за детето:

  • Име и презиме,
  • Датум на раѓање,
  • Адреса и
  • Контакт телефон

Ќе се испраќаат на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака “За Ладна ликовен конкурс”. Секој цртеж ќе биде индивидуален, односно нацртан од страна на едно дете, а не од група на деца. Може да учествуваат цртежи во која било техника, форма и големина. Едно дете може да испраќа повеќе цртежи. Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Натпреварувањето ќе биде  во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 11.05.2010 до 10.05.2013 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 11.05.2007 до 10.05.2010 година. Правото на сопственост на сите испратени цртежи го задржува Магрони ДОО Скопје. 

Времетраење на детскиот ликовен конкурс
Член 5

Детскиот ликовен конкурс ќе започне на 15.02.2017 и ќе трае до 10.05.2017г. Ќе се разгледуваат само цртежите кои ќе пристигнат во просториите на Магрони ДОО најдоцна до 10.05.2017 година.

Награди
Член 6

Наградите кои се обезбедени од страна на организаторот се дадени подолу:

Тип на награда Број на награди
Тридневно патување во Дизниленд во Париз на детето со родителите 2
Годишен курс за цртање на дете 2
Таблет за цртање 2
Подигање на наградите
Член 7

Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат наградите во рок од 60 дена од денот на објавување, во просториите на МАГРОНИ ДОО на ул. 1732 бр. 2, Скопје, секој работен ден од 8 до 16 часот со приложување на документ за идентификација.

Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци од учесниците во детскиот ликовен конкурс

Член 8

Друштвото применува технички и организацсики мерки кои се класифицираат во две нивоа:

- Основно ниво и
- Средно ниво

За сите испратени цртежи задолжително се применуваат технички и организациски мерки класифицирани на основно ниво. Личните податоци (име, презиме, датум на раѓање, адреса и контакт телефон) се обработуваат на сите испраќачи врз основа на нивна согласност според членот 12 од овие правила. За наградените испратени цртежи за кои е потребна обработка на матичен број како личен податок задолжително се применуваат технички и организациски мерки кои се класифицираат на основно и средно ниво. Матичен број на субјектот се обработува само доколку истиот е награден во ликовниот конкурс по претходно изречена писмена согласност на субјектот на лични податоци.

Објавување на лични податоци на испраќачи на цртежи и на наградени испраќачи на цртежи
Член 9

Организаторот на ликовниот конкурс јавно ќе ги објави сите цртежи кои ги исполнуваат условите од овие правила, како и наградените цртежи на веб страната на Ладна: www.ladna.com.mk заедно со личните податоци на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење). Наградените цртежи ќе се објават и на Facebook страната на Ладна заедно со податоците на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење). Пристап до овие податоци ќе имаат сите оние кои ќе ја посетат веб страната на Ладна и Facebook страната на Ладна. Обезбедени се технички мерки во однос на објавување на личните податоци на испраќачоте така што со внесување на име и презиме на испраќачот (субјектот на лични податоци) и пребарување на search engines како што е Google search или Yahoo, не постои можност да се повлечат податоци за субјектот од содржините кои се поставени на веб странцата и Facebook страницата на Ладна.

Начин на информирање на субјектите на лични податоци
Член 10

Личните податоци од испраќачите на цртежите ќе ги собираат и ќе ги евидентираат овластени лица кои имаат потпишано изјави за тајност и заштита на лични податоци и имаат добиено овластување за распишаниот конкурс во збирка на лични податоци на потрошувачи – учесници во детскиот ликовен конкурс. Целите на обработка на личните податоци на испраќачите на цртежи се следни:

- Име и презиме – заради овозможување на идентификација и дистинкција на испраќачите и испратените цртежи
- Датум на раѓање – заради утврдување на правото на учество во ликовниот конкурс како и определување на припадноста во една од двете возрасни категории
- Адреса – потребна за испраќање на благодарници за учество во ликопвниот конкурс
- Контакт телефон – потребен за информирање на испраќачот доколку истиот е награден со некоја од горенаведените награди
- Матичен број – се обработува само на нагардените испраќачи заради уплата на персонален данок во Управа за Јавни приходи.

Корисници на личните податоци се овластените лица (контролори) и за секое прашање поврзано со заштитата, обработката и чувањето на личните податоци тие се должни да дадат соодветен одговор. Право на пристап до личните податоци кои се собираат во базата на Маркетинг секторот на Магрони ДОО имаат само овластените контролори. При настаната грешка во објавувањето на личните податоци, контролорите имат право на исправка на истите.

Рок на чување на личните податоци
Член 11

Личните податоци и сите испратени цртежи ќе се чуваат во маркетинг секторот на Магрони ДОО една година од започнувањето на детскиот ликовен конкурс. Наградените цртежи трајно ќе се чуваат во просториите на Магрони ДОО, додека пак сите останати цртежи заедно со личните податоци на испраќачите ќе бидат уништени по една година од започнувањето на детскиот ликовен конкурс со записник во присуство на тричлена комисија.

Важност на правилата на ликовниот конкурс
Член 12

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување и истите ќе важат се до завршувањето на детскиот ликовен конкурс. Со учеството во ликовниот конкурс секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила и се согласува на обработка и чување на личните податоци опишани во овие правила.