Жири комисијата во категоријата на автори од 4 до 7 години ги награди следниве цртежи

Прва награда
Ана Токарева,
7 години,
Скопје
Втора награда
Анастасиа Анѓелеска,
5 години,
Скопје
Трета награда
Марија Трајаноска,
5 години,
Прилеп

Жири комисијата во категоријата на автори од 7 до 10 години ги награди следниве цртежи

Матеј Тутунџиски - 7 години, Делчево (4)
Прва награда
Матеј Тутунџиски,
7 години,
Делчево
Ева Дохчев - 9 години, Скопје
Втора награда
Ева Дохчев,
9 години,
Скопје
Ангела Митрова - 8 години, Гевгелија (2)
Трета награда
Ангела Митрова,
8 години,
Гевгелија

Цртај на тема „Водата и природата“ и покажи го твојот уметнички правец!

Ладна распишува голем ликовен конкурс за деца на возраст од 4 до 10 години. Детските цртежи на тема „Водата и природата“, заедно со податоците од детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и број на телефон), испратете ги на адреса: ул. 1732 бр. 2, 1000 Скопје со назнака “За Ладна ликовен конкурс” и можете да освоите некоја од следниве атрактивни награди:

Прва награда

Тридневно патување во Дизниленд во Париз

Втора награда

Годишен курс за цртање

Трета награда

Tаблет за цртање

Конкурсот трае до 27 април 2016 година. Можат да учествуваат детски цртежи во која било техника. Натпреварувањето ќе биде во 2 категории – деца на возраст од 4 до 7 години и од 7 до 10 години.

Правила на натпреварот

Согласно член 27 од Законот за заштита на личните податоци, Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ул. 1732 бр. 2, Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229, застапувано од Управителот Кире Ивановски, ги донесе следниве:

ПРАВИЛА ЗА ЛАДНА ДЕТСКИ ЛИКОВЕН КОНКУРС

Организатор на детскиот ликовен конкурс
Член 1

Организатор на детскиот ликовен конкурс е Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје, со седиште на ul. 1732 br. 2, 1000 Скопје, со ЕДБ МК 4030000400832 и ЕМБС 5472229

Цел на детскиот ликовен конкурс
Член 2

Целта на овој ликовен конкурс е поттикнување на креативноста кај децата, поттикнување на интересот на децата за ликовната уметност, подигање на свеста за значењето на водата за целата природа и рекламирање на Ладна.

Територија
Член 3

Детскиот ликовен конкурс ќе се организира и ќе се спроведува на целата територија на Република Македонија.

Право на учество и правила за учество
Член 4

Во детскиот ликовен конкурс право на учество имаат сите кои се државјани на Република Македонија на возраст од 4 до 10 години. Право на учество во детскиот ликовен конкурс немаат децата на вработените во Магрони ДОО Скопје, и децата на вработените во маркетинг агенцијата Публицис.

Детските цртежи на тема “Водата и природата” заедно со податоците за детето

  • Име и презиме,
  • Датум на раѓање,
  • Адреса и
  • Број на телефон

Ќе се испраќаат на адреса ул. 1732 бр. 2 Скопје со назнака “За Ладна ликовен конкурс”. Секој цртеж ќе биде индивидуален, односно нацртан од страна на едно дете, а не од група на деца. Може да учествуваат цртежи во која било техника, форма и големина. Едно дете може да испраќа повеќе цртежи. Цртежите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Натпреварувањето ќе биде  во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години – родени во периодот од 28.4.2009 до 27.4.2012 и деца на возраст од 7 до 10 години родени во периодот од 17.2.2006 до 27.4.2009 година. Правото на сопственост на сите испратени цртежи го задржува Магрони ДОО Скопје.

Времетраење на детскиот ликовен конкурс
Член 5

Детскиот ликовен конкурс ќе започне на 17.2.2016 и ќе трае до 27.4.2016 г. Ќе се разгледуваат само цртежите кои ќе пристигнат во просториите на Магрони ДОО најдоцна до 27.4.2016 година.

Награди
Член 6

Наградите кои се обезбедени од страна на организаторот се дадени подолу:

Тип на награда Број на награди
Тридневно патување во Дизниленд во Париз на детето со родителите 2
Годишен курс за цртање на дете 2
Таблет за цртање 2

 

Подигање на наградите
Член 7

Добитниците на наградите ќе можат да ги подигнат наградите во рок од 60 дена од денот на објавување, во просториите на МАГРОНИ ДОО на ул. 1732 бр. 2, Скопје, секој работен ден од 8 до 16 часот со приложување на документ за идентификација.

Објавување на наградени
Член 8

Организаторот на ликовниот конкурс јавно ќе ги објави сите цртежи, како и наградените цртежи на веб страната на ладна: www.ladna.com.mk заедно со личните податоци на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење). Наградените цртежи ќе се објават и на facebook страната на ладна заедно со податоците на испраќачите (име, презиме, број на години и град на живеење).

Обработка, чување и уништување на личните податоци од учесниците во детскиот ликовен конкурс
Член 9

Личните податоци од испраќачите на цртежите ќе ги собираат и ќе ги евидентираат овластени лица кои имаат потпишано изјави за тајност и заштита на лични податоци и имаат добиено овластување за распишаниот конкурс во збирка на лични податоци на потрошувачи – учесници во детскиот ликовен конкурс. Личните податоци и сите испратени цртежи ќе се чуваат во маркетинг секторот на Магрони ДОО една година по завршувањето на детскиот ликовен конкурс. Наградените цртежи трајно ќе се чуваат во просториите на Магрони ДОО, додека пак сите останати цртежи заедно со личните податоци на испраќачите ќе бидат уништени по една година од завршувањето на детскиот ликовен конкурс со записник во присуство на тричлена комисија.

Важност на правилата на ликовниот конкурс
Член 10

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување и истите ќе важат се до завршувањето на детскиот ликовен конкурс. Со учеството во ликовниот конкурс секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.