Вести

Светски ден на бубрегот 2016

Под годинешното мото „Децата и бубрежните болести-Дејствувај навреме за да ги спречиш“, Здружението Нефрон во соработка со Ladna го одбележа Светскиот ден на бубрегот.

Децата од градинката „Мајски цвет“ маршираа под мотото „Движи се за Светскиот ден на бубрегот“, а Ladna ги израдува со подароци.

Ladna беше дел и од едукативните работилници и спортски натпревари кои се одржаа во повеќе средни училишта низ Македонија, како и дел од централната манифестација која се одржа во Градската општа болница „8-ми септември“.