Вести

Минатогодишните добитници на детскиот ликовен конкурс на „Ладна“, семејството Цветковски ни раскажува: „Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме во Дизниленд“

Која е омилената активност на вашето дете кое секогаш со задоволство ја прави?! Кај повеќето цртањето ќе биде на листата на омилени активности која толку природно им доаѓа на децата и неверојатно моќно ја ослободува нивната фантазија. Заедно со другите форми на изразување како танц, раскажување приказни и слично, цртањето има бројни развојни придобивки како што е стимулација на моторика, концентрација, самодоверба и ред други значајни работи.

Токму во оваа насока е и детскиот ликовен конкурс на Ладна на тема „Мојот замислен цртан лик“,  кој трае до 08.05.2019. Па затоа  инспирирајте ги малите креативци и испратете ги нивните цртежи на адреса ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје и очекувајте да бидете еден од главните добитници кои ќе отпатуваат за Дизниленд во Париз.

Минатата година среќата им се насмевна на семејството Цветковски кои благодарејќи на нивниот син Михаел ја освоија првата награда и создадоа спомени кои цел живот ќе ги паметат.

Ова е нивната приказна: „Михаел имаше желба да црта уште од мали нозе. Кога прв пат видовме дека има ликовен конкурс од Ладна сакавме да учествуваме, но тогаш не исполнуваше критериум за возраст, па цртежот остана во рамка во неговата соба и чекавме да дојде наредната година за да учествуваме.“, се присети таткото Благојче.

„Михаел се нацрта себеси во кајче кое плови на езеро правејќи го неговото хоби-цртање и боење. Инспирацијата се роди лесно бидејки покрај цртањето неговата најголема желба е да плови и да поминува време покрај вода. Секако дека првото место не изненади иако длабоко се надевавме на истото. Ова ни беше прво патување во Париз, и покрај Дизниленд накратко го посетивме градот и неговите обележја, а воедно и делот со уметниците-Монмартр. Патувањето беше една волшебна приказна за нас и неспоредлива со ниту едно до сега. Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме таму. Ова патување ни значеше многу и комплетно ги исполни нашите очекувања и за момент го разбуди детето во нас :). Оваа награда ни отвори нови видици и го потикна Михаел и понатаму да црта и твори. И за крај голема благодарност до Ладна за беспрекорната организација и исполнувањето на еден детски сон!“, вака ја завршува приказната таткото Благојче за ова незаборавно искуство.

Сè уште е отворена можноста семејно да отпатувате за Париз и да го посетите Дизниленд, па затоа праќајте ги цртежите на вашите малечки и стискајте палци токму вие да бидете добитници. За повеќе информации во врска со ликовниот конкурс на Ладна можете да дознаете од видеото: 

https://www.youtube.com/watch?v=y8_1jsOsR_c