Вести

Дизниленд е бајка која не може да се заборави

„Јана Илијевска од мали нозе покажуваше афинитет кон уметностите: црта, пее, игра и глуми, а една од најголемите љубови и се домашните миленици, кучињата и мачките. Таа има двајца поголеми браќа Бојан (17) и Горјан (15) .

Вака Аника, мајката на Јана, започна да ни ја раскажува приказната за тоа како нејзината ќерка го освоила првото место на детскиот награден конкурс на „Ладна“.

Таа ја  посетува Школата за цртање и сликање  при Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани  каде и било кажано од страна на професорката Александра  да цртаат на тема „Водата и животните“. Темата и беше особено погодена на Јана бидејќи долго копнееше по домашно милениче, а во тој период само што  ја зедовме за неа Чивавата Лили. Инспирација за конкурсот е нејзиното куче кое таа го нацртала со очила аквариуми“, раскажува Аника, мајката на Јана. За разлика од семејството на Марта, Јана и нејзините најблиски немале големи очекувања дека наградата токму нив ќе ги испрати во Дизниленд: „ Ние знаевме дека Јана учествуваше на конкурсот, но тоа на ум не сме го ставиле, поготово можноста да ја добие главната награда. Првиот момент кога ни се јавија од „Ладна“ мислевме дека е шега.  Ни требаше време да се убедиме дека навистина нашата ќерка е добитник на главната награда. Јана беше во училиште, и се јавив за да ја израдувам, по што настанала голема слава  во одделението. За неа тоа е незаборавен момент.“

 

Семејството на Јана ова патување заедно со сите предизвици и изненадувања не може да се опише со зборови, тие велат дека искуството едноставно треба да се доживее. Двете победнички со остантите членови на семејството заеднички го минаа патувањето кое ги направи блиски пријатели и до денес.

Сеќавајќи се на искуството и убавите моменти Аника издвојува: „Имаше многу изненадувања, чудења од она што можевме да го видиме. Сè уште не можеме да сфатиме како нешто до толкава совршеност може да биде направено, обмислено, организрано од човечка рака и ум. Посебен впечаток ни остави посетата на различните култури, пиратите, снимањето на филмовите, средбата со Мики Маус, парадата и се останато. Впечатливи беа и ролер костерите на кои им се израдуваа повеќе батковците на Јана бидејќи ние се подисплашивме. На ракетата едвај преживеавме, а желките кои се движеа спирално ни го завртеа умот, но тоа беше искуство кое не се заборава“.

Ова прекрасно искуство на семјеството Илијевски е одлична приказна за едно неповторливо искуство, кое и оваа година ќе израдува две дечиња кои ќе ја заслужат првата награда на конкурост кој е во тек. Затоа ангажирајте ги вашите најмали, инспирирајте ги на темата „Крај вода одмарам и цртам“ и цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број), испраќајте ги на адреса: ул. „1732“ бр. 2, 1000 Скопје, со назнака „За Ладна ликовен конкурс“ и силно верувајте во магијата на нештата!