Извор Полнење Транспорт

Во срцето на високиот и голем Осоговски планински масив, каде небото и земјата се допираат, а облаците ги галат планинските врвови, таму сред недопрената природа се наоѓа изворот „Бреза“ Лисец.  Лоциран е на 1.497,5 метри надморска височина, во исклучително чиста еколошка средина.

За  изворот се вели дека бил познат и кај старите народи, уште од ранохристијанско време, од кога датираат и многуброните пронајдени керамички садови за вода. Имено, легендата раскажува дека старите рудари, кои во минатото овде ископувале злато и сребро, ја гаселе својата жед токму на овој извор.


И покрај  беспрекорно чистата околина, на самата локација дополнително се преземени сите неопходни мерки, кои оневозможуваат какво било загадување и нарушување на квалитетот на водата.

Од изворот до погонот за полнење Ladna се транспортира низ затворен систем целосно заштитена од сите надворешни влијанија.

Со цел да се добие највисок квалитет и беспрекорно безбедна вода, во погонот за полнење се врши механичко филтрирање и апсолутна 0.2 микронска микробиолошка филтрација.

За овој процес користиме софистицирана автоматска опрема и најсовремени софтверски решенија за целосна контрола на процесот на филтрирање и процесот на испирање на самите филтри.

Ladna се полни на автоматски линии, во високохигиенски услови, во согласност со сите правила за добра производна пракса.

Пакуваната вода, подготвена за консумација, се дистрибуира до продажните и угостителски објекти во строго контролирани услови, со сопствен возен парк.